Уште два дена можност за собирање потписи за претседателските кандидати

Кандидатите за претседател на државата имаат уште два дена можност за собирање потписи. Засега сигурни кандидати во претседателската трка се Гордана Силјановска – Давкова, Стево Пендаровски и Блерим Река.
Заедничкиот кандидат на 31 политичка партија од коалицијата предводена од СДСМ и на ДУИ, Стево Пендаровски доби поддршка од над 60 пратеници во Собранието. Шефот на изборниот штаб за претстојните претседателски избори Александар Кирацовски вчера најави дека Пендаровски ќе собира потписи и од граѓаните.
-Пратеници од различни етнички заедници, од различни политички партии, обединети се околу заедничкиот избор за победа, за напредок, за иднина. Стево е нашиот избор затоа што веруваме дека е личност со интегритет, кој ќе биде вистински претседател на сите граѓани. Кој ќе се води од интересите на граѓаните и државата, изјави Кирацовски.
На Република Северна Македонија, како што рече, не и е потребен нов Иванов, не им е потребен уште еден партиски послушник, кој е подготвен да делува спротивно на интересот на државата, да не почитува Устав, работејќи само во името на партијата и партискиот шеф, како што ни се случуваше во последните 10 години.
-На државата, на граѓаните потребен им е претседател кој влева доверба и сигурност, претседател кој гледа напред, работи заедно со сите прогресивни и демократски сили, ја води земјата кон ЕУ и НАТО. Стево е кандидат за вистински претседател, рече Кирацовски.
СДСМ на конгресот што се одржа во неделата го потврди изборот на Стево Пендаровски за претседателски кандидат. Од 783 присутни делегати, 712 едногласно, без против и воздржани, гласаа за Стево Пендаровски.
Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска Давкова потребните граѓански потписи ги собра за само еден ден. Околу 16.000 граѓани се потпишаа за неа во канцелариите на Државната изборна комисија низ земјава.
Иако професорката ја доби довербата од мнозинството делегати на ВМРО-ДПМНЕ за нивен претседателски кандидат, сепак, побара поддршка и од граѓаните, за како што рече, да покаже дека е надпартиски кандидат.
Потписи за да учествува на претседателските избори собра и Блерим Река, кого го Алијансата за Албанците и Движењето Беса.
Тој вчера на прес-конференција вети различна кампања, од другите кандидати. – Јас ќе учам од граѓаните, претседателот е во служба на граѓаните, истакна Река.
Од ДИК посочуваат дека за шестите претседателски избори во моментов потписи собираат седум кандидати.
Кандидатите за претседател на Републиката до Државната изборна комисија треба да ги поднесат кандидатурите најдоцна до 21 март, а изборната кампања треба да почне на 1 април.
Потписи за кандидатура собираат уште неколку претенденти за функцијата претседател на државата.
Собирањето потписи започна на 23 февруари, а ќе заврши на 9 март. Доставувањето, пак, на кандидатурите завршува на 21 март.
На 14 март истекува и рокот за увид во избирачкиот список и пријавувањето за гласање на дисјаспората. Досега се регистрирани само 413 македонски граѓани кои своето избирачко право ќе го остварат во дипломатско конзуларните претставништва на земјава.
Првиот изборен круг за шестите претседателски избори е закажан за 21 април, а вториот ќе се одржи на 5 мај.
Ново на Сител
-

Алиу: Работна група од Министерството за здравство истражува дали биле запазени протоколите за извоз на биолошки материјал во САД
-

Мицкоски: Владата нуди своја формула за пресметување на покачувањето на платите во администрацијата
-

Мицкоски: Чествувањето на Гоце Делчев нека ни биде пример како треба да ја градиме нашата Македонија
-

Променливо облачно и релативно топло до сабота, од недела заладување и снег на планините
-

Приведени возачи, управувале возила без возачка дозвола, со изречена забрана, под дејство на алкохол
-

650 прекршоци регистрирани вчера преку „Безбеден град“, од нив 590 за пребрзо возење
-

Сиљановска-Давкова: Регулативата создава доверба и предвидливост, а не само контрола
-

Обвинителството отвори предмет по закани кон новинарот Александар Видиновски
