Уште деветмина Непалци избегаа од работа во Скопје

Уште една група работници од Непал исчезнале во Скопје. Девет Непалци кои работеле во фирма во Скопје, пред два дена биле пријавени за исчезнати од сопственикот откако се оддалечиле од местото во кое престојувале и им се губи секаква трага.
Ова е само последната група млади Непалци, кои откако ќе се поработат извесен период во Македонија, бегаат од работните места а газдите ги пријавуваат за исчезнати.
Минатата недела истото го направија и петмина вработени Непалци во фирма во Охрид, а на почетокот на јули шестмина кои работеле во Скопје.
МВР досега нема соопштено дали има пронајдено некое, од овие пријавени за исчезнати лица, и поради тоа се јавува сомнеж дека тие веќе ја напуштиле државата на нелегален начин и се упатиле кон западно европските земји.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-

ДИК бележи намалена излезност
-

Повторени избори во 4 општини
-

Излезноста до 18:30 e 28.07%
-

Повторени избори во 4 општини
-

ДИК бележи намалена излезност
-

МВР нема регистрирано инциденти
-

100 евра казна на лице место ако ве фатат со цигара каде е забрането
