Уште денес отказ за негувателката која го изгоре детето со кафе во градинка
Отказ од работа ќе добие негувателката која вчера истурила врело кафе врз лицето на детето додека тоа спиело во своето креветче во детската градинка „Чекорче“, клон на градинката „Срничка“ во скопската населба Аеродром.
Ова за новатв.мк го изјавил директорот на градинката, Јоаким Димулков.
Тој потврдил дека денеска во градинката дошла инспекција од Министерството за труд и социјала токму за овој случај.
„ Негователката ќе добие отказ од работа и тоа ќе биде завршено до крајот на работниот ден. Постапката е во тек, запазени се сите законски процедури и нема ништо да криеме. Се работи за здравјето на нашите деца и нема да толерираме вакви неодговорни работи“, изјавил за новатв.мк Димулков.
Настанот се случил вчера во занималната на постара предучилишна група. Додека едно од девојчињата лежела во своето креветче, негователката влегла со филџан штотуку сварено кафе иако не било време за пауза. Во еден момент филџанот со врело кафе се истурил врз левата страна од лицето и окото на девојчето. Девојчето се здобило со изгореници од прв степен во пределот на окото и левата јаболчница, по што било однесено на Клиниката детска хурургија од страна на родителите.
Според информациите негователката била примена на работа пред шест години, а била на возраст од околу 40 години.
Случајот беше обелоденет во Билтенот на МВР бидејќи родителите го пријавиле што се случило со нивното дете. Полицијата работи на расчистување на случајот.
Ново на Сител
-

Одложено судењето против 13 полицајци за пожарот во дискотеката „Пулс“
-

Стефковски: По четири децении, Домот на културата „11 Октомври“ повторно оживува
-

Цената на нафтата падна на помалку од 100 долари по барел по најавата за крај на војната на Блискиот Исток
-

Уценувала газда со фотографии од нехигиенска кујна да му плати 5.000 евра или да ја врати на работа
-

Телото го измил и го подготвил за погреб, синот кој си го уби таткото во Гостивар прикривал траги
-

Детска песна за „Голема Албанија“ емитувана на МРТ2, програмскиот совет ќе утврдува одговорност
-

Најстудено утрово на Попова Шапка, во текот на денов врнежи од дожд, наместа пообилни
-

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026
