Уште четири лица починаа од коронавирусот во Иран, вкупно 12

Уште четири лица починаа од новиот коронавирус во Иран, со што вкупниот број починати изнесува 12 лица, објави денеска државната телевизија.
Телевизијата ја пренесе изјавата на пратеникот Асадолах Абаси, кој рече дека досега во земјата се потврдени 47 случаи на заразени од новиот коронавирус наречен Ковид-19.
Абаси информира дека новите податоци ги соопштил министерот за здравство Саеед Намаки на затворена седница на Парламентот.
Тој додаде дека извор на инфекцијата се луѓе кои илегално допатувале во Иран од Пакистан, Авганистан и Кина.
Иранците во петокот гласаа на парламентарните избори, претежно носејчи маски на лицето за заштита.
Земјите кои се граничат со Иран презедоа превентивни мерки за да го ограничат ширењето на вирусот од иранските патници, а некои им забранија влез на Иранците.
Ново на Сител
-

Најмалку 21 пожар на отворен простор
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна политика
-

Град Скопје: Водата е безбедна
-

Скопјани масовно купуваат вода од маркетите - шпекулациите за ешерихија ги празнат рафтовите
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС го допре дното
-

„Политико“: ЕУ ги менува правилата за проширување поради страв од блокада на Унијата
-

25 години Охридски рамковен договор
-

„Пулс“ незаконски бил пренаменет во дискотека, објектот бил предвиден за лесна индустрија
