Свет
9. February 2020 - 9:00

Уште 89 лица починаа во Кина од коронаворусот, вкупната бројка на починати сега изнесува 811

Бројот на жртвите на коронавирусот  во континентална Кина достигна 811, а само вчера биле регистрирани нови 89 смртни случаи, пренесоа светските агенции, цитирајќи ја Националната здравствена комисија.

Вчера беа потврдени и 2.656 нови случаи на заразени со коронавирус, со што вкупниот број на заразени достигна 37.198 лица, пренесоа агенциите.

Од посочените 89 нови смртни случаи во текот на последните 24 часа, 81 лице биле жители на провинција Хубеи, каде е епицентарот на заразата. А од вкупниот број (811) на досега загинати, 780, исто така, потенувале од оваа провинција, каде има вкупно 27.100 заразени.

Со последните потврдени податоци бројот на жртвите од новиот коронавирус го надмина бројот на жртвите од Тешкиот остар респираторен синдром (ТОРС) од 2002-2003 година, забележа ДПА.