Бизнис
26. April 2018 - 19:47

УСАИД со проект за поддршка на малите фирми

Микро, малите и средни претпријатија  во нивното работење се соочуваат со голем број проблеми од административна природа.  Почнувајќи од капацитетот на администрацијата  во спроведувањето на прописите, преку униформноста па се до усогласувањето на законите со европското законодавство.  Надминувањето на истите и можните решенија преку измени во законската регулатива беа дел од дебата која се одржа во Струмица, а во рамки на проектот на УСАИД  ,, Партнерство за подобра бизнис регулатива,,.

,, Има поголем број проблеми , во делот на работните односи, во делот на животната средина, постојат меѓутоа со конкретна анализа ние ќе излеземе по завршувањето на овие 20 информативни сесии .,, вели Ирена Мојсовска, Стопанска комора на Македонија 

Низ досегашните сесии поминале повеќе од 500 компании. Кај различни комапнии и проблемите се различни, во зависност од секторот во делуваат тие.

,, Тие претпријатија во најголема мерка немаат капацитети внатрешни, значи како вработени правници и адвокати, ниту пак средства со кои што би можеле да платат надворешни лица кои што би им помогнале во процесот на усвојување на законите.,, вели  Љупчо Димовски Епицентар Интернационал 

Со проектот кој започна лани, а ќе трае четири години се опфатени пет главни сектори, односно градежништвото, туризмот, текстилот, земјоделието,  ИТ технологијата.