Тенис
9. September 2015 - 9:25

УС Опен: Серена пак ја „плесна“ Венус!

Најдобрата светска тенисерка Серена Вилијамс ја победи својата сестра Венус во четвртфиналето на УС Опен. Серена ја запиша 16-та победа во 27-от дуел со својата сестра и сега уште две победи ја делат од освојување на сите четири грен слем турнири во една сезона.
 
Мечот помеѓу сестрите Вилијамс траеше еден час и 41 минута, а помладата победи со 6:2, 1:6, 6:3.
 
На патот до финалето на Серена и стои Италијанката Роберта Винчи против која има победи во сите четири досегашни мечеви.
 
Винчи до успехот на кариерата стигна преку Французинката Кристина Младановиќ, над која славеше по голема борба во три сета 6:3, 5:7, 6:4.
 
Втората полуфинална двојка во ќенска конкуренција ќе биде формирана во среда по одигрувањето на мечевите помеѓу Петра Квитова и Флавија Пенета, односно Викторија Азаренка и Симона Халеп.