Тенис
2. September 2015 - 10:07

УС Опен: Мареј го елиминира Кирјос

Третиот носител на УС Опен, Енди Мари, избори пласман во второто коло, откако на стартот во четири сета славеше над Ник Кирјос (7:5, 6:3, 4:6, 6:1).
 
Дерби мечот започна добро за Киријос, тој прв направи брејк и поведе со 2:1. Сепак во продолќение на првиот сет контроверзниот Австралиец повеќе се грижеше за гледачите, кои во текот на играта влегуваа на трибините, откоклу за сопствената игра, па Мари не направи речиси ништо, а успеа да го врати загубениот сервис, за потоа во 12-от гем да му го одземе сервисот на противникот и да го освои првиот сет.
 
Вторито сет го одреди победникот кога Кирјос во четвртиот гем не успеа да искористи две брејк топки. Два пати тој имаше активен поен но неговиот форхенд два пати заврши во мрежата. Мари веќе во следниот гем му го одзеде сервисот на противникот, а потоа и лесно стигна до предност од 2:0 во сетови.
 
Кирјос во третиот сет го искористи падот во играта на противникот и успеа да го освои со 6:4, а клучен беше токму десеттиот гем.
 
На поечтокот на четвртиот сет Кирјос беше целосно деконцентриран што искусниот Британец знаеше да го искористи и експресно да стигне до 6:1 и конечна победа.
 
Мари мечот го заврши со 43 винери и 26 неизнудени грешки, додека Киријос имаше 42 директни поени и 39 неизнудени грешки.
 
Мари во второто коло ќе игра против Адријан Манарино од Франција кој во три сета славеше над Украинецот Кравчук.
 
Првото коло од носителите го минаа Томаш Бердих кој во три сета (6:3, 6:2, 6:4) го победи Американецот Бјорн Фратанџело, односно Стен Вавринка кој го победп Алберт Рамос-Вињолас 7:5, 6:4, 7:6.