-->
-->
УС Опен: Ѓоковиќ повторно „лесно“ до следното коло
-->
Без многу проблеми Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал изборија пласман во осминафиналето на УС Опен. Тие синоќа ги играа мечевите од 3.коло. Ѓоковиќ ја мина оваа пречка откако неговиот ривал Михал Јужњи го предаде мечот поради повреда по шест одиграни гема (4:2 за Ѓоковиќ во првиот сет), а Надал го совлада Андреј Кузнецов со 3-0 во сетови препуштајќи му само седум гема на ривалот (6:1; 6:4 и 6:2). Турнирот заврши за победникот од 2014 година Марин Чилиќ, кој загуби со 3-0 во сетови од Џек Сок.
Кај мажите во осминафиналето се пласираа уште: Кајл Едмунд, Жо-Вилфред Цонга, Гаел Монфис, Маркос Багдатис и Лукас Пуиле.
Во женска конкуренција Анжелик Кербер (втора носителка) беше убедлива против Катерине Белис (во квалификациите ја победи нашата Лина Ѓорческа) со 6:1 и 6:1 во сетови. Во осминафиналето во женска конкуренција се пласираа уште: Каролине Вознијачки, Медисон Кејс, Роберта Винчи, Петра Квитова, Џоана Конта, Лесиа Цуренко и Анастасија Севастова.
Денеска се играат и преостанатите мечеви од 3.коло во двете конкуренции.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
„Фридрих Еберт“: 42,67 отсто од младите во Северна Македонија би ја напуштиле државата
-
Фон Дер Лајен: Проширувањето ќе остане врвен пориоритет на Европската комисија во следните пет години
-
Одобрени најавените 35 милијарди евра макрофинансиска помош од ЕУ за Украина
-
Мекдоналдс ја повлече продажбата на „квартер пондер“ хамбургери во САД
-
Спасен повреден мотоциклист кој паднал во провалија на Шар Планина
-
Министерот Таравари прими вакцина против сезонски грип
-
Таравари: Мора да се преземат одредени мерки, направен е лекарски превид во лекувањето на 14-месечното дете
-
Општина Струмица го напушта ЗЕЛС