Loading Video...
Свет
16. July 2019 - 20:21

Урсула Фон дер Лејн: Ни збор за проширувањето на ЕУ

Борба против климатските промени, минимална плата во рамки на целата ЕУ, заедничка европска одрбанбена политика и јакнење на правата на Европскиот Парламент  Ова ќе бидат моите приоритети  како прв човек на Европската комсија   доколку европските пратеници вечерва   ме изберат  порача  Урсула фон дер Лајен во европскиот парламент во  Страбзур. Проширување на ЕУ не  беше спомнато во денешниот говор на Германката , иако претходните денови  таа порача  дека Северна Македонија и Албанија треба да почнат преговори за членство во ЕУ.  Климатските промени  доминираа најмногу во  говорот на Лајен.

- Почитувани членови, нашиот најголем предизвик е да ја одржуваме нашата планета здрава. Ова е најголемата обврска и шанса на нашето време. Сакам Европа да биде првиот климатски неутрален континент во светот до 2050 година, истакна Лајен.

 Независно од тоа дали ќе биде избрана за прв човек на ЕК Лајен порача дека ќе се повлече од функцијата минситер за одбрана на Германија.