Урсула фон дер Лајен: НАТО не треба да ја турка Турција надвор од него

Турција треба да остане во НАТО независно од кризата меѓу неа и серија европски земји, но сојузниците не треба да ги запостават ниту опонентите на турската власт, изјави германската министерка за одбрана, Урсула фон дер Лајен.
- Турција не ја олеснува нашата задача во НАТО, призна Фон дер Лајен, додека Анкара веќе две недели протестира против забраната во Европа нејзини министрите за учествуваат на митинзи, со кои се поддржува претседателот Реџеп Таип Ердоган пред турската дијаспора.
- Никој сепак не треба да си замислува дека една Турција надвор од НАТО повеќе би го слушала нашиот глас или полесно би комуницирала со нас, отколку Турција, која ќе остане во НАТО, предупреди германската министерка за одбрана.
Фон дер Лајен, која е дел од сите влади на канцеларката Ангела Меркел во текот на 11 години, смета исто така дека задржувањето на Турција во НАТО е сигнал, упатен кон опонентите на турскиот претседател.
- Не треба да ги занемариме нити големиот број Турци, кои не сакаат да бидат проширени надлежностите на претседателот на референдумот на 16 април, додаде таа.
Ново на Сител
-

Децата на спортски настан кај претседателката Сиљановска Давкова, им порача да ги вежбаат телото и умот
-

Кривична пријава за лице од струшко Ливада за убивање и мачење животни
-

УХМР: Посвежо и нестабилно, до среда локално невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер
-

Синдикалната минимална кошница за април 68.797 денари
-

„Калинка“ – симбол на среќa и добивки до 700.000 денари!
-

Од полноќ поевтини горива
-

ССМ на традиционален протест за 1 мај
-

Скок на цените на природниот гас на европските берзи
