Македонија
29. December 2017 - 12:38

Уредување на зелениот појас на булевар „Србија“

На булевар „Србија“ во Скопје периодов екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ етапно извршуваат подигање и уредување на ново зеленило на јавни површини и реконструкција на јавно зеленило оштетено при вршење комунални инфраструктурни објекти.

На потегот од кружниот тек кај Цементарница сè до улица „Христо Татaрчев“ се извршени активности за реконструкција и уредување на булеварското зеленило. Уредување и зазеленување со поставување систем капка по капка е извршено на зеленилото на кружниот тек, околу 3.000 метри квадратни странично зеленило, како и булеварска средишна жарадиниера, по што напролет ќе следи и хортикултурно доуредување, соопшти денеска ЈП „Парковои и зеленило“.

Екипи од секторот „Подигање зеленило“ работат  и на локации на улица „Февруарски поход“ и булевар „Трета македонска бригада“.