Свет
8. September 2017 - 16:34

Ураганот „Ирма“ пустоши на исток, земјотрес од 8,2 по Рихтер го погоди Мексико на запад

Најмалку 15 лица загинаа,  повеќе десетици се повредени , откако ураганот Ирма ги погоди Карибите, оставајќи зад себе пустош и причини голема материјална штета Ураганот  речиси  целосно ги уништи  островите  Антигва, Барбуда и Сент Мартин.

Ирма“, една од најсилните тропски бури во изминатите декади, со брзина до 290 километри на час ноќеска помина преку островите Туркс и Каикос,. Ураганот со големина колку површината на Франција, се движи кон Флорида, каде се очекува в недела, а претходно ќе ги погоди Бахамите и Куба.

На двата карипски острови се очекува силно невреме, проследено со бранови од неколку метри височина. Илјадници жители и  туристи се веќе евакуирани пред налетот на досега најсилниот  ураган измерен во Атлантскиот Океан. 

Во Порторико две третини од населението останаа без електрична енергија. Регионот се подготвува веќе за следниот ураган, „Хозе“, кој утре би требало да стигне до североистокот на Кариби.Околу 1,2 милиони луѓе се погодени досега, но бројот може да порасне до 26 милиони, според Меѓународниот црвен крст.Истовремено  почнаа да покажуваат сила и уште два урагани.Хозе  и  Катја.

За несреќата да биде поголема синоќа  силен земјотрес го погоди јужниот  брег на Мексико, при што најмалку 15 лица загинаа .Американскиот геолошки институт соопшти дека  земјотресот бил со јачина од 8,2 степени, а потресот создал цунами бранови од еден метар и оштетил голем број објекти. Епицентарот  се наоѓа на 87 километри од градот Пихихипан во јужната држава Чијапас на длабочина од 69 километри. Предупредувањето за цунами важи за Еквадор, Никарагва, Панама, Гватемала, Хондурас, Мексико, Ел Салвадот и Коста Рика. Ова е најсилниот силниот земјотрес што го погоди  Мексико во неговата  историја.