-->
-->
Ураганот Доријан зајакна, ветерот дува 260 километри на час – милион жители подготвуваат засолништа
-->
Ураганот Доријан прерасна во категорија пет, што значи дека може да предизвика катастрофални разорувања.Националниот центар за урагани во Мајами соопшти денеска дека максималната јачина на ветерот достигнала брзина од 260 километри на час и дека се движи на запад со брзина од 13 километри на час.
Центарот наведува дека разорна силина на ураганот се очекува на Островите Абакос рано во неделата по локално време, а дека подоцна во текот на денот таквите временски прилики ќе се прошират преку Големиот бахамски остров.
Премиерот на Бахатамите, Хуберт Минис рекол на прес-конференцијата дека 73.000 луѓе се загрозени од бурата и ги предупредил жителите на помалите острови да се евакуираат, јавува Ројтерс.
Хотелите се затворени, а многу жители побарале засолниште во црквите, училиштата и другите објекти во исчекување на ударот на ураганот во текот на денот.
Доријан во моментов е оддалечен околу 450 километри источно од Вест Палм Бич на Флорида, јавува АП.
Градоначалникот на Мајами, Франсис Суарес прогласил вонредна состојба во саботата попладнето поради евентуални закани од ураганот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Продолжуваат протестите во Франција, се очекуваат нови блокади на училиштата
-

Најмногу дожд во Тетово, најстудено на Попова Шапка
-

Сеул: Северна Кореја лансираше ракети кон морето
-

Најмалку едно лице загина при нови напади на Хутите врз саудиските аеродроми
-

Македонскиот борач Топузовски освои бронзен медал на меѓународно натпреварување во Италија
-

Премиерот Мицкоски и министерот Николоски на почеток на изградба на автопатот Букојчани - Кичево
-

Манчестер Сити го освои Енфилд и остана со максимален ефект
-

Струмица 2001 го совлада Пелистер во Супер кошаркарската лига
