Македонија
13. May 2019 - 15:39

Управувајќи го тракторот, изгубил контрола и се превртел

Вчера во Полициската станица Берово било пријавено дека околу 5:30 часот на месноста викана „Губенек“, во атар на село Русиново, А.Г.(63) од село Русиново, управувајќи трактор, изгубил контрола и се превртел. Притоа, А.Г. се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итната медицинска помош Берово бил пренесен во Клиничката болница Штип, каде му била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Берово.

Ново на Сител