Управните служби во МВР со ново работно време
Министерството за внатрешни работи воведува ново работно време во седиштето на Одделението за управни работи во Скопје и во неколку дисперзирани канцеларии на ниво на градот, со цел навремен и ефикасен пристап на граѓаните до правото да поднесат барање за издавање на лични документи.
Како што соопшти МВР, почнувајќи од денеска, секој работен ден од понеделник до петок, работното време во седиштето на Одделението за управни работи Скопје во МТВ како и дисперзираните канцеларии во „Беко“ и „Ѓорче Петров“ ќе биде со почеток од 07.30 часот до 20.00 часот, додека во дисперзираните канцеларии за управни работи во „Бутел“ и „Драчево“ работното време од понеделник до петок ќе биде од 10.00 до 18.00 часот.
-Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните кои живеат на територијата на Град Скопје дека согласно констатираната состојба на зголемено аплицирање за лични документи, имајќи го во предвид фактот дека следува и период на годишни одмори, воведува ново работно време во седиштето на Одделението за управни работи во Скопје со цел да им овозможи на граѓаните навремен и ефикасен пристап до правото да поднесат барање за издавање на лични документи, се наведува во соопштението на МВР.
Ново на Сител
-
Извештајот на Вајц со „Македонски јазик и идентитет“ усвоен во АФЕТ - одбиени амандманите на бугарските европратеници
-
Таткото тепач во притвор, за детето жртва на насилство неопходна е стручна помош
-
Законот за правична застапеност помина на Влада
-
Одложено рочиштето за таткото на Васил – ОЈО одлучи да го гони за поблаго кривично дело
-
Извештајот на Вајц со „Македонски јазик и идентитет“ усвоен во Комитетот за надворешни работи на ЕП
-
Панел-дискусија по повод една година Влада „Ги градиме темелите на промените. За твоето време кое доаѓа“
-
Таткото на Васил Јованов ќе се гони за поблаго кривично дело
-
Голем број лица гинат во сообраќајни несреќи