УПОЗ бара седумчасовен работен ден и прогласување на 2 јануари и 2 мај за празници

Иницијатива за прогласување на 2-ри јануари и 2-ри мај за неработни денови, како и воведување на седумчасовен работен ден, ќе поднесе до Владата на Република Македонија Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани на (УПОЗ).
Претседателот на УПОЗ Пецо Грујовски, на денешната прес-конференција, посочи дека е време Македонија да се приклучи на европските трендови и во новиот Закон за работни односи кој е во фаза на изработка да се утврди седумчасовен работен ден, односно 35-часовна работна недела.
– Со седумчасовното работно време ќе се врши подобра распределба на трудот. Со намалување на работното време за 10,2 проценти од секој работник, теоретски ќе доведе до потреба од ангажирање на дополнителен број работници. Од социјален аспект нашето барање го аргументираме со тоа што ќе се зголемат можностите за грижа кон семејството и рекреација, изјави Грујовски.
Во однос на иницијативата за измена на Законот за празници, Грујовски нагласи дека во 2007 година дотогашниот празник 2-ри јануари се укина како неработен, додека годинава со одлука на Влада повторно се прогласи како неработен.
– Реакциите за ваквата одлука беа позитивни и кај вработените во администрацијата и стопанството. Бидејќи во овој период од годината работните процеси се сведени на минимум како во јавниот, така и приватниот сектор, предлагаме 2-ри јануари повторно да биде прогласен за празник, изјави Грујовски.
Традицијата на одбележување на меѓународниот ден на трудот, посочи Грујовски, сметаме дека треба да продолжи и покрај 1-ви и 2-ри мај да биде прогласен за празник.
Ново на Сител
-

Муцунски: Историјата, идентитетот, јазикот и културата се нашите црвени линии, очекуваме гаранции од европските институции
-

Французин пронајден мртов на лежалка во Ксамил, се сомнева дека бил избоден до смрт од албански државјанин
-

Ангелов: Велешките пожарникари заштитија две села од пожарот, кој од Велес премина во Зелениково и во општина Студеничани
-

Муцунски: По 2019 година повторно ќе се одржи Амбасадорскиот совет, ќе постави конкретни задачи за дипломатската мрежа
-

Неизвесен настапот на Синер на УС опен
-

ХИВ во пораст: 11 нови случаи во јули, меѓу нив и 20-годишник
-

Во Скопје вечер 13. дезинсекција против комарци сезонава
-

Најмалку десет жртви во последните руски напади врз Харковската област
