УПОЗ бара оставка од Судскиот буџетски совет, додатоците на плата на судиите зголемени за 35 отсто
Синдикатот на УПОЗ попладнево реагираше на одлуката што ја донел Судскиот буџетски совет за исплата на додатоци на плати за судиите во износ од 35 проценти. Според Синдикатот, ова е најсрамната одлука донесена во историјата на судството и со неа судиите ќе добијат зголемување за 21 илјада денари што е повеќе за 85 проценти од платата што ја земаат вработените во судската служба.
Од УПОЗ бараат итна и неотповиклива оставка од претседателот и членовите на Судскиот буџетски совет.
– Судскиот буџетски совет на чело со претседателот Зоран Караџовски денес требаше да донесе одлука да се вратат парите на вработените од судовите кои во 2016 година незаконски беа одземени за време на штрајкот во судовите лично од него. За Синдикатот на УПОЗ ова е долевање на масло на огнот кој гори од незадоволството од третманот на судските службеници во изминатите години, замрзнување на нивните плати и постојано зголемување на платите на судиите, наведува УПОЗ.
Ново на Сител
-
Запалена новогодишна елка пред ТЦ „Бисер“
-
Во Белград и денеска блокади и протести поради трагедијата во Нови Сад
-
Трипуновски: Историски 500 денари за килограм тутун за прва класа
-
Слаб снег на Плетвар, магла на патот Тетово - Попова Шапка
-
Тешко повредени двајца градежни работници од Скопско
-
Македонија против Полска во баражот за пласман на СП 2025
-
Јаневска: Секој граѓанин треба да ги знае и почитува државните симболи
-
Уште еден случај на опожарено возило - овој пат во Ѓорче Петров