Употребата на марихуана во Бугарија поприма епидемиолошки размери
Употребата на марихуана во Бугарија се повеќе поприма епидемиолошки размери, тврди доктор Васил Атанасов од специјализираната токсиколошка лабораторија при софиската Воено медицинска академија.
- Првпат имаме сериозен пораст на пациенти кои се хопситализирани со симптоми на интоксикација по употребата на марихуана, изјави Атанасов во интервју за БТА.
Тој оценува дека ваквата тенеденција веројатно може да се објасни со фактот дека денес „марихуаната не е она што беше пред неколку години“.
Според податоците на Бугарската царина и на Министертвото за внатрешни работи на Бугарија, мариханата што денес е во употреба во земјата содржи висока концентрација на активни супстанци.
- Доколку претходните години нивото на активнин супстанци во марихуаната изнесуваше до два проценти, марихуаната што сега е присутна (во Бугарија) содржи 20, 25, па и до 27 отсто активни супстанаци, вели Атанасов во интервјуто.
Според него, станува збор за генетски модифицирани сорти на марихуана, чија примарна намена е за психоактивни цели.
- Секој организам не реагира исто на толкаво големо количество на активни супстанци. Секој мозок не може да издржи толкав притисок, појаснува Атамасов, објаснувајќи ги причините за зачестената токсикација со канабис во Бухарија.
Ново на Сител
-
Три странски влади имале планови да предизвикаат физичка штета на државјани на Австралија, вели шефот на австралиското разузнавање
-
Баро: Русија одлучи ЕУ да и биде непријател
-
Кривична за вработена во Одделението за управни работи Куманово - непрописно продолжила регистрација на возило
-
Борис Џонсон: Европа да не се „скандализира“ од Трамп, туку да му помогне да ја запре војната во Украина
-
Нов инцидент во бриселски Андерлехт: Куќа изрешетана со куршуми
-
Велика Британија ќе ги заостри мерките против интернет продажбата на ножеви на деца
-
Република Кипар се соочува со проблеми во снабдувањето со електрична енергија
-
Институт за проучување на војна: Русија не е подготвена на никакви значајни отстапки во врска со Украина