УНРВА: Загрозени над два милиона жители на Газа, се намалува чистата вода
Над два милиона жители на Газа се загрозени поради снемувањето чиста вода за пиење вода, предупредија Обединетите нации.
„Чистата вода се намалува откако станицата за вода во Газа и јавните водоводни мрежи престанаа да работат“, соопшти Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА).
-Луѓето ќе почнат да умираат од тешка дехидрација, меѓу нив и мали деца, постари лица и жени. Луѓето сега се принудени да користат нечиста вода од бунарите, што го зголемува ризикот од болести кои се пренесуваат преку водата. Газа, исто така, е без струја од 11 октомври, што влијае врз водоснабдувањето, изјави Филип Лазарини од УНРВА.
Тој нагласи дека е неопходно во Газа да се транспортира и гориво, бидејќи тоа е единствениот начин луѓето да имаат безбедна вода за пиење.
Ново на Сител
-
Љутков од Гевгелија: Градот на културата за 2025 година
-
Во сообраќајка повредени двајца малолетници од Скопје
-
13 години од монструозното убиство кај Смилковско езеро
-
Руте вели дека Русија размислува за распоредување нуклеарно оружје во вселената
-
8-годишно дете и баба прегазени во Кочани
-
Приведен малолетник од Тетово, фатен со дрога
-
Тошковски: Отвораме ново поглавје на поврзаност, побрз транспорт, повеќе трговија, туриза
-
Кремљ: Путин и Виткоф разговараа за условите за постигнување мир во Украина