УНРВА: Во Газа има брашно за само уште шест дена
Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА) денеска предупреди дека во Газа има брашно за само уште шест дена.
„Можеме тоа да го продолжиме со намалување на количината што им ја даваме на луѓето, но зборуваме за денови, а не за недели. Ситуацијата во Газа е сериозно загрижувачка“, изјави Сем Роуз од УНРВА за новинарите во Женева, говорејќи од централна Газа.
Тој рече дека шест од 25-те пекари поддржани од Светската програма за храна морало да се затворат, а се повеќе луѓе се собираат на улиците пред пекарите. Ова е најдолгиот период од почетокот на конфликтот во октомври 2023 година во кој никаква помош не е влезена во Газа, истакнуваат од ОН.
Израел на почетокот на месецов го блокираше влезот на стоки на територијата во рамки на застојот околу примирјето, што ги прекина борбите во последните седум недели.
Таа одлука доведе до повисоки цени за основните намирници и гориво, принудувајќи многу луѓе да ја ограничат количината на храна што ја консумираат.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Иван Ивановски, Support Kocani
-
Невреме со град во Скопје и низ Македонија
-
ЗНАМ го потврди Максим Димитриевски за кандидат за Куманово
-
Ангела и Андреј се враќаат од Белград
-
Политичките партии со обвинувања: Што е испуштено во истрагата, што е преземено по трагедијата во Кочани?
-
Дали има лекарска негрижа во случајот со починатото 3–годишно дете од Кавадарци?
-
Муслиманите го слават Курбан Бајрам
-
Голем број Mакедонци продолжениот викенд ќе го поминат надвор од државата