Универзитетските професори покренаа иницијатива за претседателска кандидатура на Гордана Силјановска
Триесетина професори бараат поддршка од јавноста за кандидитурата на професорката Гордана Силјановска за претседател на државата.
„Ова не е време за нормален политички натпревар, особено поради основаните сомнежи дека власта не е подготвена да организира фер и чесни избори. Затоа, како единствена рационална алтернатива се наметнува обединувањето зад личност, зад кандидат што со целиот свој животен и академски хабитус, морал и интегритет се издигнал над ситните меѓупартиски и меѓуетнички ривалитети.
Таква натпартиска личност е професорката на Правниот факултет во Скопје, Гордана Силјановска-Давкова. Во нејзината личност и јавно дејствување се препознаваме без оглед на политичката, верската, етничката или социјалната припадност“, се вели во повикот.
Професорската фела се надева дека пратениците на опозицијата ќе го препознаат моментот и ќе ја кандида Силјановска како свој предлог.
Се надеваме овој апел ќе стаса и до најголемата опозициска партија во Собранието со цел да создаде поширока општествена синергија и да застане зад нашиот предлог. Во овој момент ни е потребен претседател што нема да спроведува нечија партиска политика, туку ќе биде гласот на разумот, правото, Уставот и совест на граѓаните.
На барањето се потпшишани професори од различни факултети меѓу кои и поранешни функционери на СДСМ.
Доколку Силјановска планира да влезе во претседателската трка преку опозицијата, ќе мора да се пријави на огласот кој завршува на крајот на месецов.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
