УНИЦЕФ: Стапката на детска сиромаштија во Аргентина близу 70 проценти

Во првиот квартал од оваа година стапката на детска сиромаштија во Аргентина може да достигне 70 отсто, предупреди Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ).
УНИЦЕФ наведува дека стапката на сиромаштија во оваа јужноамериканска земја рапидно расте, бидејќи на крајот на минатата година изнесувала 57 проценти.
Агенцијата наведува дека ваквата состојба е одраз на високата инфлација, слабеењето на економскиот раст и мерките за штедење во земјата.
УНИЦЕФ предупредува дека бројот на екстремно сиромашни луѓе во Аргентина може да се зголеми на 34 отсто од 19,4 на крајот на 2023 година и повика на поголеми трошоци за да се заштитат животите на децата.
-Доколку продолжат сегашните трендови, сиромаштијата кај децата и адолесцентите во првиот квартал од 2024 година би достигнала вредности од приближно 70 отсто, рече специјалистот за социјално вклучување и мониторинг на УНИЦЕФ, Себастијан Ваисграис.
Британските медиуми потсетуваат дека новиот десничарски претседател на Аргентина, Хавиер Мајли, се залага за мерки за штедење за да се смени длабокиот фискален дефицит, да се вратат резервите и да се стабилизира економијата, но тоа има влијание врз економскиот раст и зголемената сиромаштија.
-Свесни за фискалните ограничувања со кои се соочува земјата, УНИЦЕФ бара децата и адолесцентите да бидат приоритет, за да не се зголемува сиромаштијата дополнително, додаде Ваисграис
Ново на Сител
-

Отворен иновативниот парк N99 Deep Tech Park
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

Румен Радев е нов премиер на Бугарија, односите со Македонија не беа дел од првото обраќање
-

Македонија без многу очекувања од новата бугарска Влада
-

ВРЕДИ утре станува партија
-

Советничка на ЗНАМ ја напушти власта
-

Од понеделник поевтинуваат горивата?
-

ОЈО ќе го испитува случајот со заканите од 7-мо одделенецот во Битола
