УНИЦЕФ: Најмалку 435 деца се убиени, а 2.025 се повредени од почетокот на конфликтот во Судан
Во Судан, најмалку 435 деца се убиени, а најмалку 2.025 се повредени од избувнувањето на насилството пред три месеци, се вели во соопштението објавено од УНИЦЕФ.
„Влијанието што овој конфликт го имаше врз децата во Судан во последните 100 дена е неразбирливо“, рече Тед Чајбан, заменик – извршен директор на УНИЦЕФ.
Севкупно, агенцијата на ОН за деца добила извештаи за 2.500 прекршувања на детските права досега, но бројот всушност ќе биде многу поголем, се вели во соопштението.
Во Судан, паравоената милиција РСФ на поранешниот потпретседател Мохамед Хамдан Дагло, составена од десетици илјади борци кои произлегоа од арапските милиции во Дарфур, се бори против вооружените сили предводени од де-факто претседателот Абдел Фатах ал-Бурхан.
Серија примирја, со посредство на Саудиска Арабија и СAД, оттогаш во голема мера не успеаја да се одржат во услови на растечка хуманитарна криза.
Ново на Сител
-
Пробале да го легитимираат, а тој со возилото удрил во полициско службено возило
-
Пронајдена дрога во Струмица и Гевгелија, приведени пет дилери
-
По инцидентите на масовниот протест во Атина приведени 220 лица
-
Зеленски на средба со европските и лидерите на НАТО во Лондон
-
Пронајдена граната од Прва светска војна во дворот на Педагошкиот факултет во Битола
-
Тешко повреден 70-годишен скопјанец откако бил удрен од автобус на ЈСП
-
Тетовчанец со возило удрил малолетник и побегнал
-
Трамп би можел да ја укина целата помош за Украина