УНХЦР: Потребно е сместување за два милиони бегалци
Од почетокот на 2016 година забележани се 190.000 обиди луѓе да стигнат до Европа по морски пат, при што 1.360 од нив се удавија, изјави денеска регионалниот портпарол на УНХЦР за Југоисточна Европа, Невен Црвенковиќ и додаде дека до 2018 година ќе треба да се пронајде дом за два милиони бегалци.
Тој во интервју за Радио Слободна Европа оцени дека по примената на договорот меѓу Европска униија и Турција и неодамнешното затворање на „балканската рута“ се преместило тежиштето на миграцијата, но се зголемило и криумчарењето на луѓе, кои се обидуваат да стигнат до Западна и Северна Европа.
- Забележуваме дека се поголем број луѓе бараат алтернативни патишта преку Средоземното Море, а на тој начин стигнуваат и до Италија. Што се однесува до неодамнешното затворање на „балканската рута“ забележуваме, од една страна, фрагментација на тој проток на луѓе кои се најадоа на подрачјето на Западен Балкан, значи во Грција, Македонија и во Србија, наведе Црвенковиќ.
Тој посочи дека минатата година се нотирани 3.770 смртни случаи при обидите по морски пат да се стигне до Европа.
Црвенковиќ наведе и дека според проценките на УНХЦР, 2.000 луѓе на „навистина мирен начин“ вчера се префрлени од грчкиот бегалски камп Идомени на четири различни локации во земјата.
Тој додаде и дека неодамна е покрената глобална кампања за собирање на средства кои недостасуваат за да се опремат различни локации за што похумано сместување на луѓето.
- За конкретната кампања ни недостасуваат 440 милиони долари кои се обидувамне да ги собереме, за да до 2018 година обезбедиме адекватно сместување за околу два милиона бегалци, истакна Црвенковиќ.
Ново на Сител
-
Гвардиола: Никогаш не сум имал поголема верба во моите играчи
-
Поранешниот хрватски министер за здравство пуштен од истражен затвор да се брани од слобода
-
Шефовите на дипломатиите на арапските земји бараат итен прекин на огнот во Газа и Либан
-
Кривична за вработена во градинка, и се заканувала на нејзина колешка
-
Семеен масакр во Турција: Ги убил сопругата, детето и родителите, па се самоубил
-
Лекар од Гевгелија нападнат од возач во Итната медицинска помош
-
Приведено лице од Кочани, ВИН бројот во неговата сообраќајна дозвола и на возилото не се совпаѓале
-
Вучиќ: На грубоста, невоспитанието и ароганцијата ќе одговориме со уште повеќе работа