-->
-->
Унгарска снимателка е обвинета за минатогодишниот напад врз мигранти
-->
Покренато е обвинение за унгарската снимателка Петра Ласло, која минатата година е снимена како удира и турка мигранти близу до границата со Србија, јави БТА.
Подоцна, Ласло се извини за дејствијата и се обиде да се оправда.
Таа беше уловена од камерите на телевизијата „Ен Ти Ви“, и потоа видеото беше објавено на социјалните мрежи.
Ласло изјави дека нападот го извршила во паника. Таа се почуствувала нападната, откако бегалците и мигрантите пробиле низ полициската ограда близу до нејзината позиција.
На снимката се гледа како Ласло турка момче и девојче, и потоа се обидува да препне маж.
Таа за рускиот весник „Известија“ изјави дека животот и е уништен и планира да се пресели во Русија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости