Унгарија со закон го забрани промовирањето на хомосекусалноста
Унгарија денеска го усвои предлог-законот за забрана на „промовирање“ на хомосексуалноста кај малолетните лица, предизвикувајќи загриженост на активистите за човекови права, во услови на зголемени ограничувања наметнати од конзервативната влада на премиерот Виктор Орбан кон ЛГБТ заедницата, пренесува МИА.
Амандманот на законот е усвоен со 157 гласа, вклучувајќи ги и од владеачката партија Фидес, на Виктор Орбан, на седницата што директно беше емитувана на телевизија.
Опозицијата го бојкотираше гласањето, освен крајно десничарската партија Joбик, која му се спротивставува на Орбан, но денеска гласаше за забраната.
„Порнографијата и содржината што ја прикажуваат сексуалноста или промовираат девијации на идентитетот од овој вид, промена на полот и хомосексуалноста, не смеат да бидат ставени на располагање на лица на возраст под 18 години“, се наведува во документот, додавајќи дека тој има за цел да ги „заштити правата на децата“.
Во пракса, тоа ќе значи дека веќе нема да бидат дозволени едукативни програми или реклами кои изразуваат поддршка за сексуалните малцинства, како што е оној на Кока-Кола, што претставува неколку мажи, кои во 2019 година предизвикаа повици за бојкот. Ниту, пак, книгите што ја промовираат хомосексуалноста.
Илјадници лица синоќа излегоа на улиците на Будимпешта во знак на протест против „континуираната пропаганда“ на владата против ЛГБТ заедницата.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата