Унгарија прва во ЕУ почнува со вакцинација на тинејџери против Ковид-19
Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави кон крајот на минатиот месец дека тинејџери на возраст меѓу 16 и 18 години ќе можат да ја примат вакцината на Фајзер/БиоНТек. Повеќе од 90.000 млади луѓе веќе се регистрирале за вакцинација, со неопходна дозвола од родителите, пишува Евроњуз.
Едно 17-годишно момче изјави дека одлучило да се вакцинира за да го заштити своето семејство, верувајќи дека тоа може да претставува пат до „нормалниот“ живот.
Според вирусологот Миклош Русвеј, вирусот не е рамнодушен кон младите. Симптомите на коронавирусот често се појавуваат неколку месеци по инфекцијата, па затоа Русвеј вели дека е важно помладите луѓе да се вакцинираат.
– Деца од шест до 11 годишна возраст веќе се вакцинираат во пилот-групи. Верувам дека до есен, кога ќе почне следната учебна година, сите деца на училишна возраст ќе можат да посетуваат настава вакцинирани, истакна унгарскиот вирусолог.
Во Унгарија во употреба се шест вакцини. Освен на Фајзер/БиоНТек, која единствено е одобрена за тинејџерите, достапни се и вакцините на Модерна, Астра Зенека и Џонсон и Џонсон, како и кинеската Синофарм и руската Спутник В.
Досега речиси 4,5 милиони луѓе, од вкупно 9,7 милиони жители на Унгарија, примиле прва доза од вакцините. Според владините планови, до средината на јуни сите Унгарци кои сакаат да примат вакцина, развиена од Западот, можат да се имунизираат.
Ново на Сител
-

До 1 мај граѓаните кои работеле во странство треба да обезбедат доказ за платен данок
-

Преглед на вестите од светот
-

Онколошки пациенти од Пелагонискиот регион повторно за терапија мора да доаѓаат во Скопје
-

Адвокати бараат да прекине судењето за пожарот во „Пулс“
-

Нови сведоштва за „Пулс“
-

МВР ги брои казните од Сејф сити, граѓаните велат се вози преспоро, други пак задоволни од системот
-

Девет лица и една фирма кривично ќе одговараат за проневери со ИПАРД фондовите
-

Македонски мозоци во Њујорк: Помеѓу врвната наука и контроверзните документи на Епстин
