Македонија
12. August 2015 - 20:06

УМС го одбележа денот на младите

Членовите на УМС на ВМРО-ДПМНЕ    со  акцијата  ,,Напиши идеја за подобар живот,,  го одбележува 12 август Светскиот ден на младите.   На градскиот плоштад поставија штанд на кој  младите  започнаа  да ги ставаат стикерите  испишани со нивни идеи  и  барања.

Младите од  УМС  на ВМРО-ДПМНЕ . се одлучија да организираат ваква акција.  токму поради фактот што најголем дел од проектите, кои се имплементирани во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ  која е имплементирана за владина програма  потекнуваат од младите.

УМС  НА ВМРО-ДПМНЕ   упати апел до сите млади   да дојдат и на овој симболичен начин заеднички  да го одбележат  Меѓународниот ден на младите.

Со акцијата ,, Напиши идеја за подобар живот,,  УМС  на ВМРО-ДПМНЕ  го одбележаа    Меѓународниот ден  на младите   , но воедно сакаат да придонесат  да се подобри животот на младите  во нашата земја.