Живот
25. May 2018 - 12:49

Умре во најголеми маки: Затвореник ископал тунел долг 70 метри, а настрада на чекор од слободата

Затвореникот Жадсон Куња Евангелиста (26) бил на чекор до слобода кога се обидел да побегне од затвор низ тунел кој сам го ископал, но не успеал во својата намера.

Бразилецот во затворот Монте Кристом на северот од земјата бил поради убиство, а претходните неколку месеци копал тунел која на крајот бил долг 70 метри. меѓутоа на само неколку метри до површината, Евангелиста останал без воздух и се задушил.

 
Погледај слику на Твитеру

 

Се верува дека тој планирал заедно со други затвореници да побегне од затворот на спектакуларен начин, а се испитува дали тој се вратил до келијата кога му се слошило.

Полицијата откри тунел кој бил под тоалетот на Евангелиста во келијата, тунелот веќе бил ископан под ѕидините од затворот и електричната ограда.

Колку работата била добро направена сведочи и податокот дека 150 полицајци го пребарувале теренот 7 часа додека не го лоцирале тунелот. Тие претходно биле известени дека покојниот затвореник имал пеколен план, па тргнале во потрага. Пронајдени се вреќи со земја како и електричен кабел кој се простирал долж тунелот. 

Тунелот сега е закопан.