Уметниците незадоволни од одлуката на Министерството за култура
Дел од проектите со скратен буџет, а за сметка на тоа се финансирани други културни манифестации.Ова е резултатот од ревизијата на годишните програми на министерството за култура од конкурсот за поддршка на проекти.
Фестивалот Сарај – фест во корегираната програма наместо 150 илјади денари, сега од култура ќе добие 80 илјади.Помал буџет има и културно уметничкото друштво Браќа Ѓиноски.На списокот финансирани проекти се врати фестивалот Златно славејче, ќе добие 400 илјади денари.
Откако во претходната програма Скопскиот Џез фестивал не доби ниту денар, во ревидираната програма и тој е финансиран со 3 милиони денари.
Од Министерството за култура велат дека во повторената постапка апликантите добиле можност да достават дополнителни објаснувања и документација, а одржале и средби со нив.
„Повторното разгледување на пријавите беше извршено согласно принципите на професионалност, разновидност и креативност, следејќи го гласот на културните работници и професионалци“, велат од култура.
Распределбата на пари за проекти од областа на културата, утре ќе се разгледува на собраниска комисија.Тема на надзорната расправа е начинот на донесување на годишните програми на Министерството за култура и реализација на проектите финансирани минатата година.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
