„Уметничка пролет“ на универзитетот „Гоце Делчев“-Штип
Проректорот за развој и инвестиции, Кирил Барбареев и деканот на Музичката акедемија при универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип, Тони Китановски на денешнта прес-конференција ја најавија манифестацијата „Уметничка пролет на УГД“, која ќе се одржи од 21 април до 27 мај.
- Настаните под заедничко име „Уметничка пролет на УГД“ ќе започнат на 21 април со концерт на добро познатите Петрит Чеку, Антонијо Китановски и Емилија Потевска. Концертот ќе се одржи во Мултимедијалниот центар на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип. Веќе на 16 мај,во Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип ќе настапат врвните музичари Влатко Стефановски и Мирослав Тадич. Серијата концерти ќе заврши на 27 мај со концертен настап на Васил Хаџиманов, вели Барбареев.
Деканот на Музичката Академија, Китановски посочи дека покрај концертите ќе се организираат и работилници со познатите уметници, кои ќе настапат пред студентите и публиката од источниот регион. Првата работилница со студентите и публиката е со познатиот класичен гитарист Чеку, а ќе се одржи во 13 часот на 21 април.
- Петрит Чеку е врвно име, по многу луѓе он е број еден класичен гитарист на планетата денес. Тоа е еден млад дечко од Призрен има 30 години, кој што имав среќа и задоволство да соработувам пред некој месец со него. Снимавме заедно албум, а ќе свири програма која ја изведува, минатата недела свиреше во Москва, постојано е зафатен низ целиот свет и имаше термин само наредната недела. Влатко Стефановски и Тадиќ не треба да ги претставувам ги знаме сите многу добро, а исто и Васил Хаџиманов, вели Китановски.
Проректорот на УГД-Штип, Барбареев истакна дека манифестацијата „Уметничка пролет на УГД“ е во рамки на Отворени денови на универзитетот, а исто така како високо образовна институција имаат и општествена одговорност кон своите студенти и секако кон граѓаните.
Ново на Сител
-
Пожарите можеби се дел од поинакво сценарио, истрагите за подметнувања се во тек, кажа Tошковски
-
Голем пожар во Крива Паланка, пронајдено починато лице
-
Голем пожар во Крива Паланка, пронајдено починато лице
-
Сиљановска-Давкова донесе одлука за ангажирање на армијата во справувањето со пожарите
-
Пожарот кај Николиќ трет ден е активен, огнот се шири со помош на силниот ветер
-
Црниот густ чад од Визбегово опасност по здравјето
-
Тема на денот со Димитар Николовски - Евротинк
-
На Прилеп му се потребни 260 литри вода во секунда, а се троши 420, потребно е штедење