Умерено до значително облачно, претпладне магла по котлините и речните долини
Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно, наутро и претпладне со услови за појава на магла и ниска облачност по котлините и речните долини и со слаб ветер од северен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната од 7 до 13 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремен слаб дожд и со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Во следните два дена, како што соопшти УХМР, ќе преовладува значително облачно време со појава на магла и ниска облачност по котлините и речните долини. Повремен локален дожд ќе има во среда, а потоа во следните денови времето ќе биде стабилно и се потопло. Температурите ќе бидат над просекот за овој период од годината, што ќе предизвика постепено топење на снежната покривка.
Ново на Сител
-

Се проширува истрагата за ботоксите - уапсени двајца доктори
-

Уапсени двајца членови на Беланоца
-

Министерот за здравство во заминување очекува Законот за заштита од пушење цигари да се изгласа до август
-

Тема на денот со Методиј Хаџи Јанев, професор
-

Македонија е пред дел од Европа според БДП по жител, покажува анализа на „Ворлд Атлас“
-

Органодонорството шанса за нов живот
-

Драма на летот над Македонија
-

Ќе има ли нови изборни правила до 15 јули? Власта со нов повик до опозицијата
