Балкан
29. October 2015 - 13:09

Умерен земјотрес во источниот турски округ Ван

Земјотрес со интензитет од 4,8 степени според Рихтеровата скала беше регистриран денеска во источниот турски округ Ван, соопшти владината Дирекција за управување со кризи и вонредни состојби. 

Епицентарот на земјотресот бил во регионот на градот Мурадие, на длабочина од 5,17 километри.

Земјотресот е регистриран во 11:46 часот по локално време.

Засега нема информации за ранети или за материјална штета. 

Во октомври 2011 година во два земјотреси во Ван со интензитет од 7,2 степени и 5,7 степени според Рихтеровата скала загинаа над 600 лица и беа ранети неколку илјади.