Балкан
7. October 2015 - 9:56

Умерен земјотрес ја погоди Анталија

Земјотрес со интензитет од 5,5 степени според Рихтерова скала денеска го погоди турскиот округ Анталија, соопшти истанбулската сеизмолошка обсерваторија Кандили.

Потресот бил на длабочина од 19,8 километри под површината на земјата, со епицентар во реонот на градот Демре.

Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета во земјотресот, кој предизвикал паника меѓу населението.