Улични кучиња усмртија српски новинар
Српскиот новинар и аналитичар Владан Радосављевиќ (62) починал откако го искасале улични кучиња во селото Велика Иванча кај Младеновац.
Како што пренесуваат белградските медиуми, во нападот на разбеснетата глутница била повредена и неговата сопруга Олга (58) која се обидела да му помогне.
Таа со лекари од Итната помош била пренесена во Ургентниот центар и е во тешка состојба.
Како што претходно објавија медиумите, кучињата го искасале Радосављевиќ за нозете и рацете, при што бил тешко повреден. Лекарите се обиделе со реанимација, но тој починал.
Радосављевиќ беше новинар, порано на НТВ Студио Б, како и еден од основачите на ПГ Мрежа.
Селото Велика Иванча кај Младеновац, на околу 50 километри од Белград, е познато по крвавиот масакр од 2013 година, кога вооружен жител пукаше по луѓе и уби тринаесетмина, меѓу кои и двегодишно дете.
Ново на Сител
-
Де Бруин се уште не одлучил каде ќе ја продолжи кариерата по Манчестер Сити
-
Трамп ги иззема телефоните и компјутерите од високите царини за Кина
-
Истрагата за „Пулс“ се проширува со нови 19 лица, осомничени се за „тешки дела против општата сигурност“
-
Почина Проф. Др. Александар Ношпал
-
Додик во Белград и покрај потерницата, ќе учествува на митинг за поддршка на Вучиќ
-
ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да избегне одговорност со евтини обиди за етничка манипулација
-
Љутков од Гевгелија: Градот на културата за 2025 година
-
Во сообраќајка повредени двајца малолетници од Скопје