Македонија
4. February 2019 - 23:24

Уличен дефект вечерва на булеварот „Илинден“ кај Сити Мол

Уличен дефект се случил денеска на булеварот „Илинден“ раскрсница со улица „Манапо“, соопштија од ЈП Водовод и Канализација - Скопје.

Водоснабдувањето е во прекин на улиците: „Лубланска“, „Манапо“, „Струма“, „Огражден“, „Драгиша Мишковиќ“, „Роберт Кох“, „Трифун Пановски“, „Радика“, „Карпошево Востание“, „Никола Русински“ и „Бледски Договор“.

Со намален притисок ќе биде дел од булеварот „Партизански одреди“ на потег од раскрсницата со „Лубланска“ до раскрсницата со „Манапо“ од 20:15часот  до завршување на приклучокот.

Поради дефектот дел од булеварот „Илинден“ од улицата „Лубланска“ во правец на Центар до улица „Манапо“ ќе биде затворен за сообраќај.