Улицата на „црвените фенери“ во Амстердам на друга локација
Градоначалничката на Амстердам, Фамке Халсема денеска предложи излозите познати како „црвени фенери” или „Црвената улица“, каде што сексуалните работнички и работници ги нудат своите услуги, да бидат затворени, или пак, тие да бидат преместени во друг дел од градот.
Како што истакна Халсема, целта на оваа идеја е да се заштитат правата на сексуалните работници, спречување криминал и отстранување на проблемите на околните жители и компаниите.
„Црвените фенери” имаат долгогодишна традиција и се наоѓаат близу главниот градски пловен канал. Последниве години, градските власти настојуваат да го намалат бројот излози, кој изнесува вкупно 330. Главно навечер, групи туристи го разгледуваат ова подрачје. Тука има и кафулиња во коишто се продава марихуана.
Во соопштението на градските власти се наведува и дека за некои туристи, сексуалните работници се само „атракција за гледање“ и ништо повеќе од тоа.
Ново на Сител
-
Сообраќајот непречено, по суви коловози
-
Свежо утро, преку ден сончево со температури до 23 степени
-
Повикај пријател или професионален коуч? | Марина Анчевска | Sitel Podcast 065
-
Пукање кај Смилковско езеро
-
Во период од 20 минути вчера во Скопје пријавени два инциденти со физички напад од страна на група лица
-
Приведен маж поради закана за поставување експлозив пред куќа во тетовско Мала Речица
-
Пронајдена неексплодирана граната од Втора светска војна на нива во скопско Бојане
-
Пронајден починат затворник во КПУ „Идризово“