Украсена подводна новогодишна елка на дното на Охридското Езеро

Нуркачите на Нуркачкиот центар „Амфора“ и Клубот за подводни активности „Охрид“ годинава по 17-ти пат ја поставија и украсија подводната новогодишна елка на дното на Охридското Eзеро кај Заливот на коските – Градиште. На еден редок и уникатен начин тие своите новогодишни честитки ги упатуваат до децата со ретки болести на кои им ја посветуваат оваа ретка подводна новогодишна елка, соопштија од центарот „Амфора“.
– Со желби за добро здравје, навремена дијагноза и достапност на лековите кои значат живот за децата со ретки болести по трет пат годинива им ја посветуваме оваа елка токму нив, бидејќи во нивниот живот полн со предизвици им е најпотребна нашата поддршка. Настанот на китење на подводната елка како една своевидна атракција има големо значење за промоцијата на Охрид и претставува уште една причина да се посети Музејот на вода, изјави Јован Секулоски, претседател на „Амфора“.
Лолеска Гордана, грагански активист и член на здружението на граѓани со ретки болести „Живот со предизвици“ им порача на институциите да имаат повеќе слух за пациентите со ретки болести и Владата да го усвои нацрт-документот за Национална страегија за ретки болести со која ке се унапредат политиките за грижа на овој тип на пациенти, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Моника Зајкова, лидер на ЛДП
-

Сиљановска: Оставете не да се европеизираме
-

Привршува подготовката на новикот Изборен законик
-

Конечно ќе почне изградбата на втората фаза од автопатот Скопје - Блаце
-

Осветен 20 метарски крст во Таринци - донација од три семејства
-

Пожарите го кренаа револтот во Штип
-

Велосипедистите бараат поврзување помеѓу Охрид и Струга
-

Преглед на вестите од светот
