Свет
31. March 2022 - 8:12

Украинско-руските преговори ќе продолжат од петок

Мировните преговори меѓу Киев и Москва ќе продолжат онлајн од петок, изјави украински преговарач, пренесува Скај њуз.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека разговорите сè уште не донеле конкретни договори. Сепак, украинскиот мировен преговарач претходно изјави дека е оптимист по мировните преговори со Русија во Истанбул.

Украина предложи план за неутралност и е подготвена да се откаже од влез во НАТО. Но, советникот на Зеленски, Михајло Подољак, рече дека секоја одлука ќе оди на референдум.