Украинските сили соборија руски борбен авион вреден 50 милиони долари
Украинската армија собори моќен руски борбен авион „Су-30М“ за време на операција во Црното Море, соопшти денеска украинската воена разузнавачка агенција ХУР.
Според се уште непотврдени информации, соборувањето на авионот било извршено со рачен фрлач на противвоздушни ракети, пишува „Одеса журнал“.
Русите изгубиле контакт со млазниот авион вчера околу пет часот наутро.
Околу три часа подоцна тие почнаа операција за пребарување и спасување во која беа вклучени авионите „Ан-26“, како и хеликоптерите „Ми-8“ и „Ка-27“, објавија украински извори.
Околу седум часа подоцна, тие пријавиле во командата за карактеристична дамка од воздухопловно гориво откриена во морето, 70 километри северозападно од Кејп Тарканкут, а наскоро ги виделе и остатоците од уништениот „Су-30СМ“, велат Украинците.
„Су-30М“ е еден од помодерните руски борбени авиони чија цена е околу 50 милиони американски долари.
Авионот што се урна во морето припаѓал на 43-от посебен полк на поморската авијација на руските вооружени сили, што се наоѓа на аеродромот во градот Сака, на окупираниот Крим.
Ново на Сител
-
Двајца малолетници пронајдени мртви во гаража во Рашка
-
Првите три заложнички што ги ослободи Хамас префрлени во Израел
-
Горан Димовски го извлече Светиот Крст во Кратово
-
Јаневска: Реформите во образованието ќе значат поставување темел на успех и просперитет на државата
-
Повеќе од 35 проценти од училиштата во Србија утре нема да почнат со настава
-
Ѓоковиќ го повтори достигнувањето на Федерер на Грен слем турнирите
-
Смотрич се закани дека ќе ја собори владата доколку Израел не ја окупира Газа
-
Илија Мелоски го фати Светиот крст во Кисела Вода