Украинските морнари и режисерот Сенцов се на слобода

Украинските морнари кои се обвинети дека илегално ја минале руската граница кај Креченскиот Теснец во ноември минатата година, пуштени се на слобода со лична гаранција на комесарот за човекови права на украинската Рада Људмила Денисова, јави ТАСС.
Адвокатот на еден од морнарите, Денис Гриценко, изјави дека Денисова гарантирала дека сите 24 морнари ќе учествуваат во сите идни истражни активности на Русија.
Меѓу 35-те затвореници кои ќе бидат вратени во Украина од Русија се наоѓа и режисерот Олег Сенцов, соопшти неговиот адвокат. Сенцов беше уапсен и осуден во 2014 година бидејќи протестираше поради анексијата на Крим од страна на Русија. Тој беше осуден на 20 години затвор.
Размената на затвореници, од која многу се очекува, во изминатите денови, ја најавија претседателите на двете земји Владимир Путин и Володомир Зеленски. Официјално не е соопштено колку затвореници ќе бидат разменети.
Според украински претставник се очекува да бидат разменети вкупно 277 лица, односно 208 руски државјани кои отслужуваат затворска казна во Украина за 69 Украинци во руските затвори.
Ново на Сител
-

Екстрадиран Саит Саитов кој во јануари избега во Србија откако прегази жена во Капиштец
-

Лавров: САД сакаат да го купат европскиот дел од Северниот тек
-

Туск: Можеби е подобро што Зеленски поради војната со ордените не доаѓа утре во Гдањск
-

ЦУК: Еден пожар активен, еден ставен под контрола, седум изгаснати
-

Мерц: Поддржете ја мојата пензиска реформа или ќе пропуштите шанса што се случува еднаш во генерација
-

УЈП: Наближува рокот за поднесување на првите даночни пријави врз основа на Законот за минимален глобален данок на добивка
-

Собранието не ја прифати интерпелацијата за министерот Тошковски
-

Инцидент во Црниче: По недоразбирање во сообраќај, возило удрило моторциклист па избегало од местото
