Украинскиот министер за одбрана вели дека главните сили се уште не се употребени
Ослободувањето на група села под руска окупација во изминатите недели „не е главниот настан“ во планираниот напад на Киев, изјави за „Фајненшл тајмс“ Олексеј Резников, министер за одбрана на Украина.
„Кога ќе се случи, сите ќе видат… Сите ќе видат се“, рече тој за ФТ во интервјуто објавено денеска, отфрлајќи ги медиумските извештаи за бавниот напредок на Украина против добро зајакнатите руски позиции.
„Главните резерви на украинските војници, вклучително и повеќето бригади неодамна обучени на Запад и опремени со современи тенкови и оклопни возила на НАТО, допрва треба да се користат во операцијата“, рече Резников.
Украинската армија кон крајот на минатата недела објави дека ослободила вкупно 130 квадратни километри територија окупирана од Русија во јужна Украина, откако започна контраофанзива пред околу три недели и објави мали успеси на источниот фронт.
Ново на Сител
-
Тема на денот со д-р Злате Мехмедовиќ, комисија за заразни болести
-
Масовна партизација или популизам: Меџити најави илјадници вработувања на Албанци во администрацијата
-
Вработувања на 300 приватни специјализанти во април – ново ветување на Таравари
-
Камери од домот на Манев ја открија поврзаноста на обвинетите за убиствата на Вања и Панче
-
Возила опремени со паметни камери ќе регистраат сообраќајни прекршоци како дел од „Безбеден град“
-
ДКСК: Член на комисија на АЕК не ги исполнувал условите, но лицето било именувано на функцијата од Собранието
-
Венко Филипче е единствениот кандидат за лидер на СДСМ на внатрепартиските избори
-
Претседателката ја поздрави засилената дипломатска активност на премиерот