Украински ВВС: Русија истрела крстосувачки и балистички ракети и дронови кон Киев
Русија истрела беспилотни летала, крстосувачки и балистички ракети кон Киев, и најверојатно и кон други градови во Украина, соопшти утрово украинските ВВС.
Серии експлозии го потресоа главниот град на Украина во раните утрински часови, поради што жителите се во засолништа за напади со бомби.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко изјави дека службите за итни случаи биле повикани во областите Голосиев и Соломијан.
Едно лице е повредено од паѓање остатоци во областа Шевченко, рече Кличко. „За се ќе има одговор. Непријателот ќе го почувствува тоа“, напиша шефот на претседателскиот кабинет Андриј Јермак на својата страница на Телеграм по нападот.
Според украинските ВВС, Русија истрелала неколку групи крстосувачки ракети, како и балистички ракети и неколку беспилотни летала насочени кон Киев.
Според украинските медиуми, експлозии се регистрирани и во Харков, вториот по големина град во Украина.
Гранатирањето е извршено еден ден откако руската војска соопшти дека пресретнала и уништила 158 украински беспилотни летала чија цел биле неколку руски региони во еден од најголемите напади во војната што трае две и пол години.
Ново на Сител
-
Гостиварец собрал 760 евра за лекување, со измама му ги земале парите
-
Крвава драма во Тетово: Еден прободен
-
Убиена дива свиња пронајдена во багажник, кривична за две лица
-
Мицкоски: Не можеме повеќе да прифаќаме ултиматуми
-
АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело
-
Тешко повреден мотоциклист во сообраќајна несреќа
-
Таравари: За приватните специјализанти ќе постапиме според интересот на болниците, над 10 доктори во Штип
-
Повеќе од 130 светски лидери следната недела на Генералното собрание на ОН