Македонија
13. јуни 2022 - 18:57

Украински пратеник: Благодарност до господинот Зоран Заев за испратената помош

Украинскиот пратеник Горениук Олександр изрази голема и јавна благодарност до поранешниот премиер Зоран Заев за испратената помош од 20 тони македонски производи за војската и цивилите во Украина.

-Продолжуваме да носиме хуманитарна помош во Украина. Денес Одеса доби хуманитарна помош од нашите добри пријатели од Северна Македонија, односно поранешниот премиер Зоран Заев  и неговата „Фондација Заев – Едно општество за сите“.

Добивме многу потребни 20 тони производи кои ќе одат за потребите на вооружените сили на Украина, бегалците и оние на кои навистина им требаат. Многу сме благодарни на луѓето од оваа земја и лично на господинот Зоран Заев и неговото семејство за поддршката на Украина во борбата против руските окупатори, напиша пратеникот од Врховната рада во Украина на својот Фејсбук профил.