Свет
27. јуни 2017 - 15:08

Украински банки и компании жртви на кибер напад

Украински банки, државни и приватни компании беа мета на хакерски напад, соопшти денеска Националната банка на Украина.

Поради кибер нападот банките имаат потешкотии во работењето, а финансискиот сектор ги засили безбедносните мерки.

Националната банка не прецизира кои финансиски институции се нападнати.