Украинската СБУ упаднала во Киево-печерската лавра, митрополитот Павел ставен до домашен притвор
Игуменот на манастирот на Киевско-печерска лавра, во главниот град на Украина, митрополитот Павел, е ставен во домашен притвор.
-Ме пратија во домашен притвор, вели тој во видеото што го објави медиумот Вести, пренесе Хина.
Информацијата се уште не е официјално потврдена.
Украинската Служба за безбедност (СБУ) претходно соопшти дека митрополитот Павел е осомничен за поттикнување раздор и работа за Русија. Припадници на СБУ ја пребаруваат неговата резиденција, пишува руската агенција Тасс.
Извор од полицијата за украинскиот медиум Лига.нет потврдил дека митрополитот е осомничен за „поттикнување меѓуверска омраза и оправдување на вооружената агресија на Русија“.
Денешните настани уследија по одлуката на митрополитот Павел и другите членови на Украинската православна црква на Московската патријаршија, поддржана од Русија, да останат во стариот манастир во Киев и покрај повиците на украинската влада да си заминат.
Неколку дена откако украинското Министерство за култура издаде соопштение во кое ги повика свештениците на Киевско-печерската лавра да го напуштат манастирот до 29 март, Московската патријаршија соопшти дека нема намера да го напушти објектот, пишува „Киев Индипендент“.
Ново на Сител
-
Банкомати со високи провизии за подигнување пари има низ целиот хрватски брег
-
Влада: За следната учебна 2025/2026 година ќе се доделат 1570 стипендии за дуалното образование, најголем број досега
-
Гувернер на САД: Уапсен осомничениот за убиството на политичарка и нејзиниот сопруг
-
Регистриран земјотрес во Охрид и околината
-
Оштетена амбасадата на САД во иранскиот напад врз Тел Авив
-
Повеќе од 40 000 странци „заглавени“ во Израел, евакуација чекаат и 22 македонски државјани
-
Во израелските напади врз Иран убиени најмалку 224 лица
-
Макрон ја отфрла идејата на Трамп за Путин како посредник во мирот