Украинската Рада оцени дека мировните напори на Трамп се „клучни“

Украинскиот парламент соопшти дека безбедноста на земјата е загарантирана со поддршката на САД и ги опиша мировните напори на претседателот Доналд Трамп како „клучни“ за ставање крај на тригодишната војна со Русија.
Во синоќешното соопштение, објавено на англиски три дена по јавната расправија во Белата куќа меѓу Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски, се вели дека поддршката на Вашингтон е „поважна од кога било за украинскиот народ“.
„Украинскиот народ сака мир повеќе од кој било друг во светот и верува дека личната улога на претседателот Доналд Трамп и неговите мировни напори ќе бидат клучни за брз прекин на непријателствата и постигнување мир за Украина, Европа и целиот свет“, се вели во соопштението.
„Врховната Рада на Украина ги поздравува иницијативите на претседателот Доналд Трамп за започнување на преговарачки процес насочен кон обезбедување мир“, се вели во соопштението.
Парламентот, исто така, ја изрази својата „длабока благодарност“ до Трамп, американскиот Конгрес и американскиот народ за нивната „цврста и доследна“ поддршка на независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.
„Врховната Рада на Украина ја нагласува потребата од понатамошен развој на стратешкото партнерство со САД, особено во истражувањето на критичните минерали“, се вели во соопштението.
Трамп вчера изјави дека не верува дека клучниот договор за минерали со Украина за заеднички развој на природните ресурси на нацијата е мртов поради жестоката расправија со Зеленски.
Сепак, Трамп во меѓувреме донесе одлука за привремено запирање на помошта за Украина, информираше претставник на Белата куќа.„Претседателот јасно стави до знаење дека е фокусиран на мирот. Неопходно е и нашите партнери да бидат посветени на оваа цел. Ја прекинуваме и ја разгледуваме нашата помош за да се увериме дека ќе придонесе за изнаоѓање решение“, рекол изворот. Истата изјава беше цитирана од сите други медиуми кои ја пренесоа информацијата, вклучително и украинската агенција Укринформ, која се повикува на Блумберг.
Ново на Сител
-

Владата ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај
-

Од крајот на јуни стартува меѓуградскиот воз Прилеп-Битола, наскоро и карго сообраќајот
-

Зеленски: Русите лансираа повеќе од 2.300 дронови кон Украина
-

Трамп: Брзањето во преговорите со Иран би можело да ги поткопа шансите за постигнување поволен договор
-

Дебранец возел без возачка, со 2,73 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајка
-

Николоски: Изградбата на автопатот Прилеп-Битола оди со одлично темпо, првите километри ќе бидат готови следната пролет
-

Приведен жител на Росоман поради закани кон градоначалникот на социјални мрежи
-

До петок променливо облачно со услови за локален пороен дожд
