Украинската армија тврди дека соборила руски авион Су-25
Генералштабот на украинската армија соопшти дека воздухопловните сили вчера извршиле 11 напади врз места каде се концентрирани руски војници и опрема и три напади врз позиции на руски противвоздушни ракетни системи.
Во меѓувреме, гувернерот на областа Миколајив, Виталиј Ким изјави во синоќешниот руски напад загинале двајца тинејџери. Руската армија употребила ракети земја – воздух С-300, при што се оштетени и училиште, приватна фирма и станбен објект.
Додека гувернерот на Запорожје, Јуриј Малашко изјави дека Русија синоќа почна масовен напад во областа.
Руските сили го нападнаа регионот Запорожје во текот на ноќта на 16 април, на православен, изјави Малашко, додавајќи оти при нападот се оштетени локална црква и зградите околу сакралниот објект.
Ново на Сител
-

Избори во Унгарија: Трамп му вети на Орбан огромна помош за да ја развие економијата на Унгарија
-

Ерусалимското платно - порта до светата земја и Христијанството
-

Мицкоски: Очекуваме дизелот да поевтини за 2,5 , а бензините за 1,5 денари
-

Уапсено лице од Делчево, во неговиот дом пронајдени четири различни видови на дрога
-

Велика Сабота - ден меѓу смртта и воскресението
-

Астронаутите од „Артемис II“ безбедно слетаа на Земјата по летот околу Месечината | ВИДЕО
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден
-

Преговорите меѓу САД и Иран започнуваат во Пакистан
