Украина започна евакуација на населението од северниот регион Суми на границата со Русија
Украинските власти започнаа евакуација на селата во северниот регион Суми што се граничи со Русија поради долготрајните силни руски гранатирања во областа, соопштија локалните власти.
Подрачната воена управа на социјалната мрежа „Телеграм“ напиша дека во последните три дена од подрачјето на пограничната општина Великописарска се евакуирани повеќе од 180 жители, пренесува БТА.
Властите во Суми соопштија дека руските гранатирања во изминатите денови се интензивирани.
Ситуацијата е „најтензична“ во областите каде што се врши евакуацијата, бидејќи во последните пет дена загинале три лица, а 13 се повредени. Досега, вкупно над 4.
500 луѓе се евакуирани од 22 села во регионот Суми.
Великописарска се наоѓа на неколку километри од селото Козинка, преку границата со Русија, каде што локалните власти на почетокот на неделава соопштија дека е предизвикана сериозна штета по упадот на вооружени групи од Украина на руска територија.
Припадниците на вооружените групи тврдат дека се Руси кои се противат на Кремљ.
Ново на Сител
-

Стереотипите се уште ги кочат мажите да одат на психолог или психијатар
-

Регионално решение за проблемот со кучињата скитници
-

Експерти: Mакедонија доби класични бирократски пораки со умерена реторика од Брисел
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

РKE размислува за повеќе евтина струја преку ден и за викенд, нов модел подготвува и за гасот
-

Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна
-

Преглед на вестите од светот
-

Фон дер Лајен во Скопје со совет за деблокада на процесот со Бугарија
